9.8 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Уште денеска и утре дождливо, од сабота сонце и високи температури како пролет – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Денес најпрвин во западните, а потоа во останатите подрачја ќе има повремени врнежи од дожд. Попладне и во текот на ноќта кон петок врнежите на повеќе места ќе бидат пообилни и поројни (локално над 30 л/м2).

Утре во текот на денот врнежите ќе престануваат, а од сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.

Прогноза за 15.10.2022
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 16°C до 22°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.

Прогноза за 16.10.2022
Минимална температура: 2°C до 10°C
Максимална температура: 17°C до 23°C

Претежно сончево и потопло.

Прогноза за 17.10.2022
Минимална температура: 0°C до 9°C
Максимална температура: 19°C до 24°C

Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност.