Centar.mk
БИЗНИСИЗБОРТЕМА

Добра вест: Следната година ново покачување на минималната плата

Премиерот Димитар Ковачевски во понеделникот најави дека во првиот квартал од идната година повторно ќе има покачување на минималната плата.

-Идната година повторно не очекува зголемување на минималната плата, бидејќи ја сменивме методологијата. Сега влијае и зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на продуктивноста, односно на БДП во државата, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања.

Премиерот истакна дека со стопанските комори се разговара многу отворено.

-Сега не е време за финансирање профитабилност, сега е време за финансирање опстанок, како на компаниите, така и за загрижување на најранливите категории, подвлече премиерот на прес-конференцијата откако соопшти дека Владата донесе нов пакет мерки вреден 350 милиони евра.

Моментално минималната плата во Македонија изнесува 18.000 денари.

Можеби ќе ве интересира

NVIDIA СЕ СООЧУВА СО НОВА КРИЗА – Управниот одбор разгледува чувствителни обвинувања

ДЕСК

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЌЕ ПОМАГА ВО СОЗДАВАЊЕ ЛЕКОВИ – Нов инвестициски фонд

ДЕСК

ANTHROPIC СЕ ПОДГОТВУВА ЗА БЕРЗАТА – Компанијата би можела да вреди над 1.400 милијарди долари

ДЕСК