9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тешко повреден Кореец во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Денеска (11.10.2022) во 09.00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на Церовски мост, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф”, со охридски регистарски ознаки, што го управувала М.П.(21) од Кичево и мотоцикл „сузуки”, со корејски национални ознаки, управуван од К.Ј.И.(72), државјанин на Република Кореја.

Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а М.П. со телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

Бујар Османи најави предвремени парламентарни избори во март или април

ДЕСК

„Божиновска со амбасадорот Сулстром: Шведска поддршка за енергетски реформи и инфраструктурни проекти во Македонија “

ДЕСК

Истрага против четири лица за препродавање на дрога

ДЕСК