Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Голема трагедија: Нуркач од Македонија загина на хрватскиот остров Вис

Нуркач од Македонија почина во Хрватска откако му се слошило додека нуркал во близина на островот Вис, објавија хрватските медиуми.

Несреќата се случила околу 11 часот. На македонскиот нуркач му се слошило и останал без свест. Бил извлечен на копно и имало обид за реанимација.

Лекарите од Итната помош на островот се обиделе да му помогнат, но македонецот веќе бил починат, по што неговото тело е предадено на обдукција во Сплит каде треба да се утврди причината за смртта.

Сплитскиот весник Слободна Далмација објави дека станува збор за човек на средни години кому му се слошило во близина на малото островче Равник каде што и пред десетина години имало слична несреќа со загинат нуркач.

Областа околу Вис е атрактивна за нуркачите. Вис се наоѓа на крајот на хрватските територијални води, а во историјата е познат и како засолниште на југословенскиот партизански лидер Јосип Броз Тито по неуспешниот десант на Дрвар во 1944-тата година.

Можеби ќе ве интересира

Внатрешна контрола: Нема незаконско постапување при одбиениот влез на британските државјани

ДЕСК

Мицкоски: Секој има право да го користи својот мајчин јазик, а во Законот за правична застапеност процентите не се важни туку квалитетот и очекувам поддршка од сите пратеници

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК