Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Градоначалничката Арсовска во следните два дена на средби со градоначалници на метрополите од САД и Европа

Градоначалничката Данела Арсовска во наредните два дена ќе присуствува на конференција за иновации на градоначалници на која ќе оствари средби со градоначалниците на метрополите од САД и Европа.

“Размената на искуствата за локалната самоуправа има за цел да создадеме инклузивен, правичен и одржлив град. Скопје е метропола со која се гордееме и ќе продолжиме да делуваме при секоја можност да изнајдеме решенија кои можат позитивно да влијаат на нашиот град за доброто на сите.

Чест и привилегија е да бидам поканета да им се придружам на моите пријатели градоначалници од САД и Европа, како и на други истакнати иноватори и урбани експерти со кои ќе дискутираме за создавање подобри решенија и можности за нашите жители да напредуваат. Во фокусот на средбите ќе биде размена на искуства за справување со глобалната енергетска криза, спроведување реформи и кратење на непродуктивните трошења како мерки на штедење, но и можностите заедно да ги надминеме предизвиците со кои се соочуваат метрополите низ светот.” – истакна Арсовска

Градоначалничката потенцира дека градот како дел од реформите, ги минимизира сите трошења кои се непродуктивни, при што и за ова патување како и досегашните нема финансиски импликации за градот, кој е гостин на партнерите од САД со кои градот соработува во изминатите месеци.

Можеби ќе ве интересира

Делегација на Град Скопје предводена од Градоначалничката Данела Арсовска, оддаде почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес

ДЕСК

Град Скопје: Срамот е ваш, носете си го сами и сликајте се – Демант на изјава на Борко Ристовски министер за спорт

ДЕСК

Денес и утре ќе се прска против комарци во Скопје

C +