Христијан Мицкоски деновиве тврди дека бил загрижен за кризата и за нејзините последици врз граѓаните и стопанството, а од друга страна, внатре во ВМРО-ДПМНЕ се кара за тендери и провизии, велат од владејачкиот СДСМ.
Во ВМРО-ДПМНЕ, како што посочуваат, самите се фатија во криминал за тендер од 136 милиони евра и за провизии и со никакви фабрикувани лаги и конструкции, ниту со лажна загриженост за кризата, тоа не може да го прикријат.
„Мицкоски има шанса да покаже одговорност во време на светска економска и енергетска криза со своите бизниси со хидроцентрали, кои се потврдени и официјални документи од институции. Ако навистина е загрижен за енергетиката и за економскиот стандард, тогаш зошто Мицкоски не сака да им ја отстапи произведената електрична енергија на граѓаните?“, се истакнува во реакцијата од СДСМ.
Според нив, тоа е затоа што на Мицкоски паметот му е во тендерите, не му е гајле за граѓаните.