25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

СДСМ: Нови 1,1 милјарда денари, владата на Ковачевски обезбеди парно за граѓаните на Скопје

Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски, на вчерашната седница одобри средства за ликвидно работење на друштвата и континуирано снабдување со топлинската енергија на потрошувачите на Град Скопје, истакнуваат во соопштението од СДСМ.

Донесена е Одлука, како што појаснуваат од таму, за одобрување 1,1 милијарда денари за набавка на енергенси, пред почетокот на грејната сезона, на АД „Електрани на Северна Македонија“, согласно Одлуката за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

Според партијата на власт, граѓаните на Скопје да бидат спокојни, испораката на топлинска енергија во претстојната сезона нема да биде доведена во прашање.

„Преку преземените мерки Владата предводена од СДСМ и Ковачевски обезбедува непречено снабдување со топлинска енергија на градот Скопје и сигурност и стабилност при испораката на топлинска енергија до потрошувачите“, се додава во напишаното од страна на оваа партија.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Во среда концерт на Јанг Дади во Паркот на Франкофонија

C +

Герасимовски: Салата Работнички во финална фаза, завршен административниот дел, се уредуваат теренот и трибините

C +

Првиот скопски партизански одред одбележа 84 години од своето формирање

ДЕСК
МАКЕДОНИЈА

Турски државјанин фатен на Табановце со фалш пасош

ДЕСК

Турски државјанин бил фатен на Табановце со фалш пасош. МВР информира дека вчера во 16 часот на граничниот премин Табановце при пасошка контрола било констатирано дека патната исправа на О. И. (31) од Турција била фалсификувана. Лицето било приведено во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО и ВИДЕО) Светна Телекомуникациската кула веднаш до Милениумскиот крст – повисока е од него, а ќе има и ресторан кој ќе врти 360 степени за 1 час

ДЕСК

Температурите повторно одат нагоре: Синоптичарите објавија временска прогноза – пеколно жешко и до 37°C

ДЕСК

Работник – српски државјанин повреден при градежни активности во Гевгелија

ДЕСК