На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 182 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 24 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени биле 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет санкции за користење мобилен телефон.
Засилените акциски контроли продолжуваат, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.