20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ДПМНЕ тендерска удри по џебот на граѓаните, во Прилеп поскапуваат градскиот превоз и сметките за вода и смет

Според партијата на власт, во време на светска економска и енергетска криза, наместо помош кон граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ удираат по џебот на граѓаните.

Поради неспособноста на градоначалникот и директорите на општинските комунални претпријатија во Прилеп, поради масовната партизација на истите, во Прилеп сериозно поскапуваат сметките за вода и смет, како и јавниот превоз, реагираат од СДСМ.

Советничката група на СДСМ повеќе од 11 часа се бореше за да го заштити стандардот на граѓаните, поденсувајќи 400 амандмани, но претседателот на Советот од ВМРО-ДПМНЕ водејќи се исклучиво од партиски интереси сите ги отфрли, додаваат од таму.

„Мнозинството на Советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ не прифати ниту повлекување на спорните точки за зголемување на цените на комуналните услуги и на јавниот градски превоз. Ете како ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните, додека глумат загриженост за економската состојба, јавните претпријатија на локално ниво ги доведуваат до колапс, за после дополнително да им наштетат на граѓаните, воведувајќи поскапи давачки во време на криза. По којзнае кој пат ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не се грижи за граѓаните, туку дејствува единствено за партиски и бизнис интереси“, се истакнува во писмениот допис од СДСМ.