7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Татко осомничен за убиство на тримесечно бебе во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе постапка против 44-годишен маж, кој го убил сопственото дете.

„Ноќта меѓу 25 и 26 септември, додека осомничениот бил во домот со четири малолетни деца, меѓу кои и тримесечниот син, започнал да го удира детето со раце и нозе по главата и телото. На тој начин му нанел повеќе повреди кои предизвикале крварење во черепната празнина, како резултат на кои тримесечното бебе починало“, се вели во соопштението.

За 44-годишниот маж е доставен предлог за определување мерка притвор затоа што може да избега или да влијае врз сведоци, но и да го повтори делото.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК