16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски во ОН: Северна Македонија е пример за функционална мултиетничка држава, фактор за стабилност во регионот

„Ние сме земја којашто од сопственото искуство научи дека мирот, силата и напредокот доаѓаат со заедништвото – и кога воспоставивме независност по мирен пат во 1991-та година – и кога се издигнавме над внатрешниот меѓуетнички конфликт во 2001-та година – и денес, кога преку воспоставениот концепт „Едно општество за сите“, сме пример за функционална мултиетничка демократија, значаен фактор на стабилноста на Западен Балкан, а со тоа и на Европа и доверлив парнер на меѓународата демократска заедница“ рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање на 77-мото Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Тој додаде дека силата е во заедништвото и дека е потребно заедништво на демократскиот свет, сега и понатаму, во надминување на послеидиците од светски размери.

„Функционалните решенија на еден мал простор, секогаш се патоказ за решенијата на еден глобален простор. Предизвиците, колку и да ги има на едно широко географско тло, кулминираат на едно место, а потоа стануваат потенцијална глобална закана. Денес тоа место е една независна и суверена држава – Украина, чијшто народ се соочува со неприфатлива и недозволива агресија од Руската Федерација“ рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека проблемите со кои се соочува светот се заеднички и дека пред нас се најтешката зима по Втората светска војна, обезбедување на храна и енергија за граѓаните и токму поради тоа и решенијата мора да бидат заеднички.

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК