Денеска (24.09.2022) околу 02.30 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба лишени се од слобода М.М.(24), Б.С.(22), К.К.М.(29), сите од скопско и 17-годишна малолетничка од Скопје. Тие се фатени при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од Железници – Трубарево.
Од страна на инспектори од Одделението за криминалистички работи Гази Баба со ММ., Б.С. и К.К.М. е извршен службен разговор, при што го признале делото, а во консултација со Јавен обвинител за малолетници, малолетничката е предадена на родителот и ќе биде дополнително повикана на разговор. Одземените предмети ќе бидат вратени на сопственикот, а по документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.