Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Го избоделе со нож – Детали за групната тепачка во автобус на ЈСП

Извори за порталот Press24 велат дека во вечерашниот инцидент којшто се случи во Кисела Вода во Скопје, еден од учесниците во овој немил настан бил прободен со нож.

За потсетување, како што информиравме претходно, во еден од автобусите на ЈСП дошло до физичка пресметка на поголема група на луѓе, се претпоставува дека се ученици.

Полициските екипи се на терен и работат на расчистување на теренот.

Инцидентот се случи во автобус на ЈСП со број 51, вечерва во Кисела Вода.

Засега нема официјална потврда од МВР.

Можеби ќе ве интересира

ДИК: До 16 часот гласале повеќе од половина од пријавените болни и немоќни лица

C +

Од понеделник значителна промена на времето, се најавуваат обилни врнежи од дожд и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Сообраќајка на патот Струмица – Радовиш, сообраќајот е во целосен прекин и се пренасочува

ДЕСК