Не трчајте од шалтер до шалтер, од банка до банка, од извршител до присилни наплаќачи и не нервирајте се ако морате да чекате само за една потврда за тоа дали, кому и колку должите.
Оваа реакција доаѓа од Македонското кредитно биро кое ги поседува извештаите за обврските на правните и физички лица за секоја од изминатите години. Верувале или не, само со еден клик или за неколку минути можете преку компјутер или на рака, да ја имате потврдата за вашите финансиски обврски, со целосно почитување на тајноста на податоците. Јас се уверив, проверете и вие!
Сите ние имаме потреба од дополнителни финансии и кредити за разни намени, па затоа, пред да ни се одобри кредитот, на секој од нас се бара потврда колку сме задолжени и дали се подмирени сите финансиски обврски во определен рок. Затоа и банките се најголеми и најчести корисници на овие систематизирани информации од Македонското кредитно биро. За ваша информација, во оваа група корисници на извештаите на Македонско кредитно биро се вбројуваат и финансиските друштва, телекомуникациските оператори, штедилниците, како и голем број компании од секторите за потрошувачки добра и малопродажба.
Истражувајќи, дојдов до информација дека Македонското кредитно биро – МКБ е првата и единствена институција од овој тип, која управува со единствен систем што врши собирање, обработување и размена на податоци за обврските на правните и физичките лица и која дава информации за задолженоста и редовноста во измирувањето на обврските. Базата на податоци се ажурира на дневно и месечно ниво во зависност од типот на податоците и нуди единствени можности за заштита од ризично работење.
Извештаите на МКБ кои се единствени на пазарот содржат податоци за задолженоста и редовноста во исполнувањето на обврските – по основ на кредити, жирантства, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, лимити на трансакциски сметки, финансиски лизинг, осигурување, но и обврски по основ на даноци, телекомуникациски услуги, услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, такси, придонеси, обврски по основ на користење на други услуги, како и податоци за блокада на трансакциска сметка во реално време, со детали за секоја блокада поединечно.
Анализирајќи го досегашното работење на оваа институција, ќе увидите дека во нејзиното работење се посветува значајно внимание на зголемување на веќе постоечката голема база на податоци за да се понудат нови квалитетни производи и услуги усогласени со најдобрите светски практики.
Овие времиња на светска економска и енергетска криза, ја разнишаа општата финансиска состојба во светот и донесоа несигурност и ризик во секојдневието на граѓаните и работењето на компаниите. Затоа, информациите кои се нудат преку оваа институција можат да му помогнат на секој поединец и компанија да не дојде до презадолжување и нарушување на ликвидноста во работењето. Да не оставаме сѐ на случајноста, туку навреме да ги спречиме непожелните финансиски состојби.
Денес со право може да се каже дека Македонско кредитно биро е веродостојна слика на нашиот личен и деловен карактер. Колку пати сте се посомневале дали деловниот партнер ќе ги плати преземените обврски. Во Кредитното биро знаат да кажат дека информациите за бонитетот на вашите идни деловни партнери се слика за личната лежерност, деловната ноншалантност и сериозност во сфаќањето на вашите деловни односи.
Како што велат во Македонското кредитно биро „Моќта на вистинската информација” – располагајте со вистинските информации и носете сигурни деловни одлуки.
Image by Freepik