Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Ограничените маржи на основните прехранбени производи ќе останат до крајот на годината

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи.

Според одлуката, оваа мерка ќе се применува до 31 декември 2022 година.

„Имајќи предвид дека со оваа одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани, се наметна потребата да се продолжи рокот за следните 3 месеци од оваа година, односно до 31 декември 2022 година. На овој начин, евентуалниот раст на цените во трговијата на големо и трговијата мало ќе биде предизвикан од растот на увозните и берзанските цени, како и растот на производствените трошоци“, напиша министерот Бектеши на својот фејсбук-профил.

Согласно одлуката, висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот синџир на леб бел, сечен на парчиња или цел, шеќер бел и сончогледово масло за јадење се утврдува во висина до 5 отсто во трговијата на големо и до 5 отсто во трговијата на мало.

Висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот синџир на брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% млечна маст и јајца се утврдува во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.

Можеби ќе ве интересира

Минималната плата минимално ќе скокне – Раст од само 2.000 денари во април 2026-та година

ДЕСК

Инфлацијата изнесува 4 отсто

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Во 2026 година продолжуваме со стратегијата за стабилен раст, намалување на буџетскиот дефицит и подобар животен стандард

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.