23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Видео) Ковачевски во ОН: Инвестираме во квалитетно и достапно образование за секое дете

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски учествуваше и говореше на Самитот за трансформација на образованието во рамки на 77-то Генерално Собрание на ООН во Њујорк. На дебатата на Самитот кој го отвори генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш и учествуваа над 90 шефови на држави и премиери се дебатираше за националните цели на земјите за унапредување на образованието.

„ Кога и да зборувам за важноста на образованието, се потсетувам на констатацијата дека „Образованието е она што останува, откако ќе се заборави наученото во училиште“.

Би рекол дека денес ова е мошне важно, особено затоа што генералниот секретар Гутереш постојано потенцираше дека исходот од доброто образование во 21-от век значи: учење за да се научи, учење да се живее заедно, учење да се прави, учење да се биде. Јас се согласувам со ова и ги поддржувам таквите резултати од образованието.

Навистина верувам дека образованието не се само оние лекции што се учат на училиште, туку се всушност вредностите кои му се предаваат на еден млад ученик или студент. Прв ќе го препознаам факторот и ќе се согласам дека во мојата земја, Северна Македонија, сé уште имаме долг пат до нивото на квалитет на образованието со кое јас би бил задоволен. Точно е дека трансформацијата на мојата земја во формална земја членка на ЕУ лежи прво во нашата способност убаво да се погледнеме себеси, да ги видиме нашите недостатоци и да се сфатиме дека нашата иднина зависи од нас, од она што го правиме, од она што можеме да го постигнеме со нашите две раце. Поради тоа, ние сме посветени на создавање услови и средина што ќе им овозможи на нашите ученици и студенти да напредуваат и да ги постигнат своите потенцијали.

Учењето за да се научи всушност значи стекнување писменост, но и развивање критичко размислување и вештини за анализа, истражување, носење одлуки, а со тоа и развивање на потенцијалите на нашите идни лекари, научници, градители, идни лидери, на кои ќе се потпира нашиот свет.

Само луѓето кои имаат способност и капацитет да размислуваат критички, можат да бидат доволно храбри да ги одбранат правото и правдата и да ги добијат своите битки користејќи аргументи, а не насилство.