Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМАТОП ВЕСТИ

Наутро студено, преку ден сончево, минималната температура до 5 а максималната до 21 степен

Денеска наутро ќе биде студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност, во западните делови со услови за појава на краткотраен дожд, информира УХМР. Ќе дува слаб до умeрен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во текот на работната седмица времето ќе биде претежно стабилно со студени утра и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината.

В среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК