Еве како тоа влијае на вас
Голем број луѓе уживаат да ги галат своите кучиња без воопшто да размислуваат дали тоа е штетно или корисно за нив.
Со текот на времето, таа врска станува толку силна што миленичињата почнуваат да се перцепираат како членови на семејството.
Голем број на испитаници во едно истражување истакнале дека им дозволуваат на своите миленици дури и да спијат покрај нив, а научниците истакнуваат дека тоа и не е толку лоша идеја.
Психологот Барбара Сантини истакна дека постојат пет одлични причини да се продолжи со тоа, бидејќи спиењето покрај куче може да биде корисно за здравјето на луѓето. Секако, секогаш треба да се биде внимателен, особено ако страдате од алергии. Покрај тоа, не смее да се занемари и хигиената на самото куче, како предуслов за она за што зборуваше Барбара.
Го подобрува сонот
Истражувањата покажаа дека спиењето со куче може да ја намали анксиозноста, да го подобри расположението и да ја направи вашата околина порелаксирана и попријатна. Затоа, спиењето покрај куче може да им помогне на луѓето кои се борат со несоница или генерално тешко заспиваат.
– Спиењето со домашни миленици го стимулира производството и ослободувањето на повеќе окситоцин. Кога нивото на окситоцин е високо, поголема е веројатноста да доживееме целосна релаксација на телото – истакна Барбара и додаде:
– Ова ги стимулира тета мозочните бранови и му помага на нашиот ум да формира спомени и да ја зголеми креативноста.
Го зајакнува имунитетот
Споделувањето на креветот со животно може позитивно да влијае на имунитетот.
– Домашните миленици ја поттикнуваат различноста на микроорганизмите во домот, а истражувањата покажуваат дека вашиот имунолошки систем се зајакнува кога е изложен на различни микроорганизми – вели Барбара.
Исто така, откриено е дека домашните миленици можат да помогнат во намалувањето на крвниот притисок, а бебињата имаат помала веројатност да имаат алергии ако растат во дом со куче.
Почист дом
Сопствениците на домашни миленици почесто ја чистат куќата поради дополнителната нечистотија, особено во летните месеци.
– Девет од десет од нас ја мијат постелнината на секои две недели, но тоа не е доволно хигиенско и нема да ги задржи алергените во текот на летото – објаснила Барбара.
– Домашните миленици даваат дополнителна причина да ја одржувате куќата во ред, па така спиењето со нив и миењето на постелнината на секои неколку дена на топла програма ќе спречи таложење на прашина во влакната.