26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКЗДРАВЈЕ

Се дебелеете во СТОМАКОТ или во КОЛКОВИТЕ? – Еве што тоа кажува за вашето здравје и како да се ослободите од вишокот килограми

Тие проблеми кажуваат нешто за здравјето

Можеби проблемот со вишокот килограми и незадоволството поради вишокот килограми не би бил толку голем доколку сите рамномерно се здебелат.

Кај повеќето жени килограмите се таложат на одреден дел од телото, па некои се дебелеат во стомакот, некои во бутовите и задникот, а некои во колковите.

Кога држат диета, многу жени имаат проблем и со рамномерно слабеење. Тие проблеми кажуваат нешто за здравјето.

Околу половината

Акумулацијата на маснотии во пределот на половината може да укажува на проблем со инсулинот. Се препорачува да се консултирате со лекар за причината за овој проблем како и за терапијата.

Во однос на исхраната, треба да избегнувате шеќер и бело брашно. Од друга страна, храната како брусница, боровинки, брокула и морска храна може да ви помогне. Пијте и зелен чај.

На надлактиците

Зголемувањето на тежината во горниот дел од рацете може да биде знак за пониско лачење на тестостерон во телото.

Се препорачува да избегнувате шеќер и газирани пијалоци, а исхраната да ја збогатите со ленено семе и лосос. На луѓето кои го имаат овој специфичен проблем им се препорачува да бидат поактивни.

Околу пазувите

Во некои случаи, зголемувањето на телесната тежина во пределот на пазувите може да укаже на проблеми со тироидната жлезда, особено ако е придружено со губење на косата, нагло зголемување на телесната тежина, брз замор, нагли промени на расположението…

Дефинитивно треба да се консултирате со лекар за причината и самата терапија. Што се однесува до исхраната, зголемете го внесот на кромид и лосос. Ако сакате житарки, консумирајте цели зрна.

На задникот и колковите

Акумулацијата на маснотии на задникот и колковите обично се јавува како резултат на високите нивоа на естроген. За да ја дознаете причината за зголеменото ниво на овој хормон, дефинитивно треба да разговарате со вашиот лекар.

Се препорачува да го збогатите вашето мени со свежо овошје и зеленчук, како и со интегрални житарки. Намалете го внесот на кафе, алкохол, шеќер, газирани сокови…

Можеби ќе ве интересира

5 ПРИЧИНИ ЗОШТО НЕ МОЖЕТЕ ДА ОСЛАБИТЕ: Залудно гладувате и се мачите – Килограмите НЕМА ДА СЕ СТОПАТ без ова!

M T

Изборот на храна е важен: Со ОВАА тридневна диета губите и до 4 килограми

M T

ИСКЛУЧЕТЕ ГИ ХОРМОНИТЕ ЗА ДЕБЕЛЕЊЕ И ТРАЈНО ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД КИЛОГРАМИТЕ: Со овој докажан лекарски метод се топат килограми

M T

Секогаш појадувајте во ова време и ќе бидете ПОЛЕСНИ до 5 килограми

M T

Со пиење мешавина од вода и ОВОЈ 1 зачин ги ТОПИТЕ килограмите

M T

Слабеење со одење: Три совети за губење до пет килограми за три недели

M T