24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ивон Величковски: Иницијатива за референдум и противење на промена на Преамбулата: Контрадикторна “принципиелност” за збунета пракса

Фејсбук статус на Ивон Величковски

Иницијатива за референдум и противење на промена на Преамбулата: Контрадикторна “принципиелност” за збунета пракса.

Мицкоски иницира референдум за Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.
Согласно Уставот кој принципиелно ни ја гарантира и непосредната и претставничката демократија.
Истовремено тој одбива неговата ПГ да гласа за дополнување на уставната Преамбула со Бугарите, Хрватите, Црногорците… кои живеат во Македонија.

Преамбула која:

– заедно со Уставот го промовира принципот на гарантирање на личните и колективните граѓански права,
– со амандманите од 2001, го преточува Рамковниот во Уставот за спроведување на принципот на остварување колективни права на граѓаните.

Устав, Преамбула, Рамковен договор донесени со гласови и на ВМРО-ДПМНЕ, во и по 1991.
По истите демократски принципи од кои произлегоа и самиот Устав и правото на референдумско изјаснување.

Накратко, ако беше за принцип, раководството на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата можеби ќе тераше иницијатива за референдум, но секако ќе ја поддржеше промената на Преамбулата за да го одразува етничкиот колорит и реалност на земјата.

Принципиелно, ниту Македонците ниту Албанците, Бошњаците, Власите, Ромите, Србите, Турците до сега не се во Преамбулата поради меѓународен договор туку како реалност.

Оттука и Бугарите, Хрватите, Црногорците… заедно со претходно набројаните од сега не би биле дел од Преамбулата поради меѓународен договор – туку како реалност.

Остварувањето на правата не е “подарок” од државата, туку смисол на постоење на државата.
Само таквиот пристап Македонците ги прави (с)уверени во својата еднаквост со другите народи во земјата, соседството и пошироко.

И со тоа – рамноправни и дома и надвор.

Наместо како досега несигурни меѓу себе и кон другите и зависни од правно-политички толкувања.
Ниту лажно супериорни ниту снисходливо инфериорни, употребливи само за дневната политика од подрумите на Це-Ка во Скопје, Белград или Москва. Принципиелно, ова е темата и за неа допрва ќе зборуваме.