Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Додека СДСМ се грижи за граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ народните пари ги трошат на луксуз и партиски вработувања

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која може да зборува за економија.

Додека Владата предводена од СДСМ го штити стандардот на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ преку своите градоначалници ги троши парите на граѓаните на партиски вработувања и договорени тендери.

Владата предводена од СДСМ двојно ја зголеми минималната плата која во време на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше едвај 9.000 денари.

Со септемвриската плата следуваат повисоки месечни примања за вработените во образованието, детската заштита полицијата и одбраната.

Следува и рекордно зголемување на пензиите согласно новата методологија а следуваат и нови мерки за помош на граѓаните и стопанството.

Како за време на кризата со пандемијата, така и со глобалната економска и енергетска криза ВМРО-ДПМНЕ не придонесува со ништо освен што шири лажни вести и дејствува деструктивно на штета на интересите на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +