Времето денеска променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. УВ=6
Во Скопје и во околината сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Од пладневните часови ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 29 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.
Во недела и понеделник ќе дува засилен северозападен ветер што ќе услови мало опаѓање на температурите.