Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Богоев: Мора да престанеме со преседани за остварување лични цели преку парламентот

„Мора да се застане на патот на хаосот и деструктивното однесување во Собранието. Не може да воспоставиме пракса во државата дека политичките и личните цели може да се остваруваат со создавање хаос. Тоа е опасен преседан и опасна работа“ рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека СДСМ нема да отстапи од тоа изградени личности да бидат избрани за уставни судии само за да се попушти на ВМРО-ДПМНЕ кои блокираат во Собранието.

„Нормално е во Комисијата за избори и именувања да се има различни мислења и да се спротивставуваат аргументи. Но, не е нормално насилно да се блокира. Да ги соочиме аргументите, ќе не слушнат тие што треба да глсаат и ќе одлучат. Тоа е умешноста во политиката. Ако си неумешен и не знаеш со аргументи да убедиш и ако си неспособен, тогаш преминуваш и правиш деструкција, викање и карање како мали деца“ рече Богоев.

Потпретседателот на СДСМ рече дека доклку владејачкото мнозинство попушти сега тоа ќе претставува преседан дека секој пратеничка група со правеќе хаос и безредија ќе успева да ги остварува целите.

Можеби ќе ве интересира

ТРН признанија за храбрите и упорните гласови во 2025

ДЕСК

Временска слика што ретко се гледа во декември – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Објавил фотографија на социјалните мрежи – полицијата му затропа на врата оти промовирал и поттикнувал омраза и насилство

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.