22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНАНАПРАВИ САМ

Јадење без месо: Ориз со зеленчук на наједноставен начин

Доколку сакате да се одморите од месото, еве еден предлог.

Состојки:

300 гр ориз

1 домат

половина црвена пиперка

половина жолта пиперка

1 кромид

100 гр боранија

50 гр пченка

Неколку лажици маслиново масло

Сол, бибер

Соја сос

Свеж магдонос

Подготовка:

Гответе го оризот со долго зрно во солена вода според упатствата на пакувањето.

Измијте ги боранијата, црвената пиперка, жолтата пиперка, доматот и младиот кромид. Потоа исецкајте го целиот зеленчук на коцки и пржете неколку минути на малку масло, сол и бибер во вок или во голема тава.

Додадете неколку капки соја сос и малку сок од лимета.

Потоа додадете го сварениот ориз и добро промешајте за да се соединат вкусовите.

Послужете веднаш додека е топло и додадете малку свеж магдонос одозгора.

Можеби ќе ве интересира

Ред месо, ред леб: Направете вкусен босански мелез

M T

ИДЕЈА ЗА РУЧЕК – Кнедли полнети со мелено месо

M T

Може да се пече на скара, но НЕ Е МЕСО: Еве што е пожелно да се јаде за време на горештините, а што треба строго да се избегнува

M T

Најголемите грешки што ги правите при печењето на скара: „Поради нив и доброто месо излегува лошо“

M T

Месото никогаш не било помеко и посочно, сето тоа благодарение на една необична состојка! -ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРОБАЈТЕ ЈА ЧОРБАТА СО ЌОФТЕ И ЈУДЛИ

M T

ЕДНОСТАВЕН ТРИК – Постои начин секогаш да знаете дали месото е свежо или не

M T