Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Православните верници го слават големиот празник Успение на Пресвета Богородица

Православните верници денеска го слават големиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

Со свечена литургија, молитва и свеќа за здравје и бериќет, православните христијани го одбележуваат големиот празник Успение на Пресвета Богородица, попознат кај народот како Голема Богородица.

По повод овој голем христијански празник во манастирот во Матка, кај Скопје традиционално се одржува божествена лирургија и сеноќно бдение.

Според христијанската традиција, на овој празник се принесуваат дарови за здравје пред големата икона, а се зема и светена вода. Богородица била почитувана не само од христијаните туку и од муслиманите и кон неа сите упатувале молитви за исцелување, здравје и бериќет.

Празникот народски попознат како Голема Богородица е денот кога Мајката Божја низ смртта преминала во вечен живот. Богородица е единствена жена во историјата на човештвото која го добила епитетот пресвета. Се смета за заштитничка на бремените жени, на децата и на семејството.

Народот верува дека Богородица е заштитничка и на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Донесовме одлука на владина седница околу 9.000 тони да биде откупена пченица и околу 2.400 тони ориз и оризова арпа од реколтата 2024

ДЕСК

Мицкоски: Пуштен е во употреба затворениот базен во Кисела Вода, до крајот на летото ќе се завршат уште 4

ДЕСК

Левица: Најавата на Дурмиши за нови триста вработувања е предизборна злоупотреба на ранливите категории на граѓани

ДЕСК