17.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Рекордна поддршка за лозарите, откупни цени поголеми за 30 отсто

СДСМ, со вистински мерки и политики, низ партнерски однос и со лозарите и винариите, обезбеди рекордна помош и поддршка за секторот, која дава конкретни резултати. Постигнати се историски највисоките цени за откуп на грозјето, зголемени за 30 отсто во однос на претходната година, соопшти владејачката партија.

„ Се воведува дополнителна мерка од 2 денари за килограм, со што откупната цена ќе биде 15 денари за смедеревка и 17 денари за вранец. Покрај највисоките откупни цени лозарите добиваат субвенции од 40.000 денари за одржување на лозовите насади, како и 4.200 денари по хектар за зелена нафта.

Веќе трета година по ред извозот на вино бележи пораст, и во количина и во вредност. Република Северна Македонија е втор најголем извозник на вино во регионот, по Грција. Лани извозот од македонските винарии во вредност од 61 милиони долари е зголемен за 19 отсто во однос на 2020 година.

Се овозможува финансиска поддршка до 10.000 евра за малите семејни винарии за набавка на опрема за производство, а секоја година се одвојуваат средства за промоција на македонските вина на саемите низ светот.

Растот на откупните цени на грозјето и на извозот на вино се должи на мерките и политики што изминатите години ги реализира Владата предводена од СДСМ за лозарството и винарството. СДСМ продолжува со вистинска грижа, за унапредување и натамоштен раст и развој на лозарството и винарството“ се наведува во соопштението.