Centar.mk
ТЕМАЛОКАЛНО

Фотогалерија: Тетово е поплавено по силното невреме

Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово не известува дека вечерва, по обилните врнежи што го зафатија Тетово и околината во околу 20:00 часот, а во моментов по телефонскиот разговор со раководителот на Територијалната противпожарна единица ТППЕ Тетово сме известени дека има пријавено повеќе места што се погодени од невремето каде што има поплавено подруми, гаражи и ќуки, а исто така е излеана и канализација од неколку шахти. Во моментот, интервенирано е од ТППЕ Тетово на дел од загрозените места. Патот кон с.Фалише кај подвозникот е полн со вода, а и останатите подвозници се во целосен прекин за движење. Исто така, патот што води од Стадион до Касарна е поплавен и е во целосен прекин за движење. По првите инфорамции поплавени се улицете „Улица 141“ ,ул. „Фуштанска“, ул. „Илинденска“,„Улица 114“, ул. „Мирце Ацев“, „Улица121“… Кризниот штаб е активен. Раководителот на РЦУК Тетово ги известил членовите на Кризниот штаб за поплавите, по што вработени од Јавното комунално претпријатие Тетово и од Општина Тетово се на терен со два багери што ќе интервенираат каналот што поминува низ с.Мала Речица. Полицијата, конкретно припадниците на СВР Тетово се на терен со сите сили за да обезбедат побрзо регулирање и нормализирање на сообраќајот. Се праваат напори во нормализирање на вкупната состојбата на теренот погоден од обилните поројни врнежи.

Од раководителот на РЦУК Тетово сме извести дека поројска река во правец Тетово – Јажинце е со критично ниво и е во ризик за излевање на надојдената вода. По информацијата за ризикот од страна на Општина Тетово е пратено багер за да не дојде ситуација да се блокира патот Тетово -Јажинце.

Можеби ќе ве интересира

Перински: Карпош е пример за современа општина во која граѓаните учествуваат во креирање на локалните политики

ДЕСК

Странски и домашни експерти работат на физибилити студијата за гондола на “Пелистер”

ДЕСК

Перински: Еднаква поддршка за сите – урбаните општини имаат целосен пристап до услугите на Ресурсниот центар

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.