23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Алексовски: Да гласаме за број 1, за советниците на СДСМ, за Европско Тетово

Претстојните вонредни локални избори, се важни за иднината на сите нас, да ги оставиме досегашните поделби и да се обединиме, сега, најмногу сега, треба да бидеме сплотени, за заеднички да го направиме нашиот град подобро место на живеење, истакна на завршната конвенција во Тетово, претседателот на општинската организација на СДСМ Живе Алексовски.

Тој ги повика своите сограѓани на 20 август да гласаат за чесните, одговорни и угледни кандидати за советници, на СДСМ и Коалицијата, за бројот 1 – за европско Тетово!

Тоа се луѓе кои секојдневно се помеѓу граѓаните, кои се блиски до граѓаните, истакнати и почитувани, кои ќе се заложат во решавањето на проблемите, целосно посветени да чекорат напред кон подобро, модерно Тетово, порача претседателот на општинската организација на СДСМ Жика Алексовски.