23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Малолетник донесен во болница откако преживеал струен удар

На 04.08.2022 во 21.10 часот во Полициското одделение Велешта било пријавено дека во приватна здравствена установа во с.Велешта, струшко, со повреди бил донесен малолетник од с.Лабуништа, струшко.

Полициски службеници извршиле увид и било констатирано дека малолетникот се здобил со повредите во својот двор при допир на ограда до која имало ниско поставени жици од далновод. За настанот бил известен Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.