Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Oбвинителството бара притвор за гостиварецот кој изврши убиство во пекарница

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, на возраст од 55 години од селото Здуње, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

На 30 јули, по вербална расправија меѓу две семејства на терасата на една пекарница во Гостивар, настанала физичка пресметка, во која осомничениот извадил нож и лишил од живот едно лице, нанесувајќи му убод во левиот бут. Убодната рана резултирала со обилно крварење кај оштетениот и тој починал.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и можност да го повтори делото.​

Можеби ќе ве интересира

Европа на удар: Кога ќе стаса најлошата зима во деценијата?

ДЕСК

Времето се стабилизира, температурите одат нагоре, најавена магла по котлините – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Бран физички напади во Скопје во една ноќ, полицијата со полни раце работа

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.