Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(ФОТО) Изгореа четири куќи до темел – Кој како може да помогне на семејствата

Синоќа од удар на гром, изгореа 4 куќи на ул.„Кузман Шапкарев“ во Прилеп.

Пожарот се случил после полноќ, кога гром удри во една од куќите и ја опожарил, па огнените пламени брзо се прошириле на соседните три куќи.

ТППЕ Прилеп интервенирала со 4 возила и 17 пожарникари, кои го гаснеле пожарот до три часот по полноќ. За среќа нема повредени лица. Сопствениците на куќите изјавија дека огнот брзо се ширел и повикуваат на помош од сите хумани луѓе и компании.

Општина Прилеп, наскоро на својата веб страна, ќе ги објави и жиро сметките на семјствата за донирање помош, како можност што повеќе граѓани да помогнат во обновата на домовите на припепските семејства кои настрадаа од удар на гром .

Можеби ќе ве интересира

Касами: Работев за сите граѓани на Тетово, без оглед на етничката припадност

ДЕСК

Дојави за бомби во училишта во Куманово и Скопје

ДЕСК

Голем е интересот за вакцинацијата против сезонскиот грип, од Здравство велат пријавени се повеќе од 70.000 граѓани

C +