23. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕ

ИСЧИСТЕТЕ ГИ БЕЛИТЕ ДРОБОВИ ОД ТОКСИНИ ЗА САМО 72 ЧАСА – Ако направите само едно нешто, овие природни сокови ќе го направат тоа за вас

За да успее детоксикацијата, прво мора да исфрлите еден вид храна од вашата исхрана

Овој рецепт ќе ви помогне да ги исчистите белите дробови за само 3 дена. Сепак, пред да започнете со овој третман, важно е да ги елиминирате сите млечни производи.

Првиот ден испијте шолја билен чај пред спиење. За да им помогнете на вашите црева да се ослободат од токсините кои предизвикуваат запек, со што ќе им се олесни на вашите бели дробови да ја вршат својата работа.

Пред појадок, исцедете два лимони во топла вода и испијте ги.

Испијте 300 милилитри цеден грејпфрут. Ако не ви се допаѓа грејпфрут, слободно заменете го со ананас. Овие две овошја содржат природни антиоксиданси кои му помагаат на вашиот респираторен систем.

Во периодот помеѓу појадок и ручек испијте 300 милилитри цеден морков – овој потег ќе ви ја алкализира крвта. За време на ручекот мора да земете сок од 400 милилитри кој содржи калиум, кој делува како тоник за чистење на организмот.

Пред спиење испијте 400 милилитри сок од брусница, кој ќе се бори со бактериите во белите дробови кои предизвикуваат инфекции.

Задолжително вежбајте.

Покрај тоа, уживајте во топла бања секој ден околу 20 минути – ова ќе му помогне на телото да се ослободи од токсините. Во прилог на сето ова, направете инхалација со помош на масло од еукалиптус.

Можеби ќе ве интересира

Европски град прогласен за најсреќно место во светот за посета

C +

Што не треба да јадете по 40-тата година: исфрлете ја оваа храна од употреба

C +

Месец на љубовта: Овие 4 хороскопски знаци ќе ја пронајдат својата сродна душа во септември

ДЕСК
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Управниот суд донесе пресуда во корист на Владата во врска со рудникот „Казандол“: Раскинувањето на Договорот за Казандол е законито

ДЕСК

Владата на Република Северна Македонија информира дека Управниот суд, одлучувајќи по тужбата на тужителот „Друштво за експлоатација, преработка, и производство САРДИЧ МЦ“ ДОО, увоз-извоз, Скопје против Одлуката на Владата од 27.3.2018 година, за едностран раскин на Договорот за изградба на рудник во локалитетот „Казандол“, донесе пресуда одбивајќи ја тужбата како неоснована.

Во одлуката на Управниот суд, која на 14.5.2019 година станала правосилна е наведено дека, оценувајќи ја законитоста на оспорената Одлука, Судот најде дека одлуката на Владата за раскин на договорот за рудникот Казандол е законита.

Во пресудата се вели дека Судот најде дека врз основа на правилно и целосно утврдена фактичка состојба, Владата правилно го применила и материјалното право, кога на тужителот „САРДИЧ МЦ“ еднострано му го раскинала Договорот за концесија. Причините кои се сметаат за основани е тоа што концесионерот во рокот од две години до денот на доделувањето на концесијата во смисла на членот 13, став 1 од договорот, не ги исполнил обврските да изгради постројка за експлоатација на катоден бакар со капацитет да процесира најмалку 50 проценти од експлоатираната руда и после две години од почнување со експлоатација на вториот рудник да изгради фабрика за производство на финални производи од катоден бакар со капацитет најмалку еднаков на годишниот капацитет на постројката за експлоатација на катоден бакар.

Овие факти се утврдени согласно Законот за минерални суровини, Законот за концесии и јавно приватно партнерство и Договорот за концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина-бакар, злато и сребро на локалитетот „Казандол“, општина Валандово, општина Богданци и општина Дојран, потпишан од Република Северна Македонија-Министерство за економија и тужителот „Друштво за експлоатација, преработка и производство САРДИЧ МЦ“ ДОО, увоз-извоз Скопје од 27.2.2015 година.

Владата на Република Северна Македонија останува на својот став дека ги поддржува инвестициите во земјата и создава клима за економски просперитет и квалитет, но исклучиво согласно утврдените законски норми и прописи.

Можеби ќе ве интересира

Џејми Караматиќ е новиот генерален директор на Рудник САСА

C +

Ќе има мерки за цените на прехранбените производи

C +

Анализа на ССМ: Зголемувањето на минималната плата не води кон затворање на компании

C +