На 25.07.2022 околу 09.25 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат, на околу 7км пред клучка „Три Чешми“, И.Г.(33) од Штип, управувајќи патничко возило „ауди а6“ со привремени (цол) таблички од Сојузна Република Германија, изгубил контрола и излетал од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците З.П(61) и П.П.(58), двајцата од Берово, а со телесни повреди се здобиле Т.П.(35) од Пехчево и М.Е.(49) од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. Увид местото извршила екипа од СВР Штип.
* фотографијата е илустративна