22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска за „Пензионер“: Подобрување на квалитетот на животот на највозрасните преку усогласување на пензиите и други мерки, е мој приоритет

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за месечното издание на весникот „Пензионер“, зборуваше за политиките и мерките кои Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика, ги креира и реализира со цел подобрување на квалитетот на живот на највозрасната категорија на граѓани во нашата држава.

Министерката се осврна на усвојувањето на новата методологија за раст на пензиите, со која пензиите ќе се усогласуваат со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот. Со исплатата на септемвриската пензија, а согласно првичните анализи, пензионерите ќе добијат раст за околу 8% повисоки пензии.

Таа потенцираше дека, покрај растот на пензиите, во време на економско-енергетска криза и ценовни шокови, Владата обезбеди и финансиска поддршка за 330 000 пензионери од 1.000 денари за времетраење од три месеци.

„Истовремено, Министерството во партнерство со општините и граѓанските организации работат на воспоставување социјални услуги на локално ниво, наменети за старите лица, веќе препознатлива и кај граѓаните помош и нега во домот, која е од особено значење и за корисниците на услугата, но и за вклучување на тешко вработливите лица од заедницата на пазарот на труд,“ изјави Тренчевска.

Министерката појасни дека оваа социјална услуга е обезбедена преку Проектот за подобрување на социјалните услуги на локално ниво, проект на Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Светска банка.

Тренчевска информираше дека, во рамките на првиот повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво, 22 проекта во 27 општини добиле финансиска поддршка преку овој проект. Најголемиот дел од нив или 16 се за помош на нега на стари лица во домот. Преку овие услуги опфатени се повеќе од 500 корисници, а дополнителна придобивка е што лицата кои се ангажирани за реализација на овие проекти се од социјално ранливи категории, кои претходно поминаа стручни обуки.

„Заедно со Сојузот на пензионерите ќе продолжиме да креираме мерки и политики кои ќе бидат наменети за пензионерите и кои ќе значат помош и поддршка и во наредниот период,“ истакна Тренчевска.

Можеби ќе ве интересира

Министерката Тренчевска учествува на регионална конференција на УНФПА за родово одговорни политики во Истанбул

M T

АФПЗРР : Реализирана исплата на директни плаќања по повеќе мерки

M T

Грковска и Тренчевска на средба со Сојузот на борци од НОАВМ: Значајно е место на борците во општествениот живот, ги одржуваат сеќавањата на историските придобивки

M T

СДСМ: Се грижиме за земјоделците 30% повисоки откупни цени на грозјето оваа година

M T

Ангеловска-Бежоска ‒ Милер: Мерките на Народната банка се наменети за задржување на макроекономската стабилност

M T

Средба на министерката Тренчевска со амбасадорот Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ, во заминување

M T