Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Трагедија во Вевчани: Маж падна од трактор и почина на лице место

На 22.07.2022 во 10.40 часот во Полициското одделение Велешта било пријавено дека во с.Вевчани, Ш.В.(42) од с.Велешта, управувајќи трактор со струшки регистарски ознаки, паднал од тракторот и починал.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Ш.В. со својот трактор влечел друг трактор, при што во еден момент сајлата се скинала, а Ш.В. се превртел и паднал.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Струга. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Можеби ќе ве интересира

30 години членство во Советот на Европа – средба на претседателот Гаши и претседателот на ПССЕ, Теодорос Русопулос

ДЕСК

За вакцинација против сезонски грип досега пријавени над 76 илјади граѓани – започна и вакцинацијата со комерцијални вакцини во Центарот за јавно здравје – Скопје

ДЕСК

Приведени криумчари на мигранти во гевгелиско, следува соодветна пријава

ДЕСК