Денешните меѓувладини конференции и за Северна Македонија и за Албанија таа ги нарече историски момент. Двете земји, според неа, се наоѓаат на стартот на преговорите благодарение на промените и реформите кои биле направени
Северна Македонија набрзо ќе преговара со нас за ФРОНТЕКС, се работи за распоредувањето на ФРОНТЕКС во Северна Македонија.
Ова го најави претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен во изјава пред почетокот на првата меѓувладина конференција како пример за областите во кои земјава ќе работи одблиску со Унијата по денешниот старт на преговарачкиот процес.
Договорот од ФРОНТЕКС, нагласи таа, ќе биде преведен на македонски без фусноти и ѕвездички.
„Северна Македонија набрзо ќе преговара со нас за Фронтекс, се работи за распоредувањето на Фронтекс во Северна Македонија и тоа ќе ја зацврсти нашата соработка во миграцијата и Димитар може да сметате на мојата поддршка за да се осигураме дека договорот ќе биде преведен на македонски јазик, без фусноти, ѕвездички, на еднакво ниво со сите 24 европски јазици“,рече претседателката на ЕК.
Денешните меѓувладини конференции и за Северна Македонија и за Албанија таа ги нарече историски момент. Двете земји, според неа, се наоѓаат на стартот на преговорите благодарение на промените и реформите кои биле направени.
„Ова е ваш успех, успех на вашите граѓани, вашиот народ работеше многу за да стигне до тука и покажавте искрена посветеност на нашите вредности, покажавте отпорност и ја задржавте вербата во пристапниот процес, го зацрвстивте владеењето на правото, се боревте против корупцијата, имате слободни медиуми, имате добро граѓанско општество, бројни реформи и ја модернизиравте вашата економија. Ги направивте сите овие промени не само затоа што беа потребни на вашиот пат кон ЕУ туку пред сè затоа што се добри за вашите земји и тие веќе испорачуваат подобар и поквалитетен живот за важите луѓе. ЕК ве поддржуваше на целиот пат и ќе продолжиме така“, рече Фон дер Лајен.
Веднаш по меѓувладината конференција денеска, најави таа, ЕК и преговарачките тимови од Северна Македонија и Албанија ќе започнат со работа односно ќе почне скринингот на законодавството на ЕУ што е првиот чекор на процесот и ќе им овозможи на Албанија и Северна Македонија да се запознаат со правата и обврските на нашата Унија.
Придобивките за двете земји, порача на крај претседателката на ЕК, ќе се зголемат онака како што ќе напредуваат преговорите.
„Ќе има зголемени инвестиции, ќе има подобрени трговски врски, поблиска соработка во клучни области како енергетиката и транспортот, ќе ја максимилизирате потребата, но и ефектот од финансиите од ЕУ. Тоа значи нови работи места, нови бизнис можности и ова е она што вашите граѓани го чекаат, работеа напорно и го заслужуваат“, рече Фон дер Лајен.