денеска, 16.7.2022 година (сабота) во 16:00 часот ќе се одржи 60-та седница на Владата на Република Северна Македонија.
По одржувањето на седницата, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ќе одржи прес-конференција, со почеток во 17:00 часот.
Претставниците на медиумите ќе имаат можност да ја проследат прес-конференцијата за што е потребно да пристигнат најдоцна до 16:30 часот на влезот пред Медија центарот на Владата.