Веб камерата на граничниот премин Богородица во 10.30 часот покажува долга колона за влез на возила во Грција.
Факт е дека се наоѓаме среде кулминацијата на летната сезона, што дополнително е причина за преминување на овој дел од границата со оглед дека од тука минуваат голем број туристи не само од Македонија, туку и од Србија кои се упатуваат на плажите во Грција.