Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Спасовски објави: За време на двомесечните протести на Шарената револуција беа повредени 11 полицајци, а на сегашните дури 54 од кои 11 потешко

Фејсбук статус на Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски:

Денеска на Табановце за време на превентивната акција „Вози одморен“, одговарајќи на новинарско прашање во врска со споредбата на протестите со Шарената револуција, истакнав дека на овие протести имаме 54 повредени полициски службеници, од кои 11 потешко повредени, а 2 со сериозни повреди и сето ова во период од 9 дена протестирање.

Ако правиме споредба со Шарената револуција, која траеше околу два месеца, тогаш имавме вкупно 13 повредени полициски службеници, генерално со полесни повреди.

Да расчистиме – не е добро ниту еден полициски службеник да е повреден во ниту еден процес. Затоа е важно организаторите да се однесуваат одговорно, а своите политички цели да ги остваруваат преку демократските политички механизми кои стојат на располагање.
Апелирам до секој еден на достоинствено однесување кон државата, кон полициските службеници, бидејќи тие го чуваат редот, мирот и безбедноста на секого од нас.

Можеби ќе ве интересира

Серија апсења на повеќе локации низ Скопје – Дел од уапсените се од други градови

ДЕСК

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.