25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Протече извештајот на бугарското МНР: Незадоволни се од чистиот македонски јазик и што Протоколот не е услов за нашите поглавја

Бугарското МНР е незадоволно што во Преговарачката рамка е наведен „чист“ македонски јазик, а Договорот за добрососедство и Протоколите не се критериум за отворање и затворање на поглавјата.
Бугарското Министерство за надворешни работи смета дека е проблематично тоа што Северна Македонија добила „чист“ македонски јазик во Преговарачката рамка.

На 23 јуни годинава пред Комисијата за надворешна политика на бугарското Собрание, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска требаше да го презентира ставот на институцијата која ја претставува во однос на францускиот предлог и претстојното гласање во парламентот. Излагањето на Генчовска беше прекинато откако мнозинството пратеници одлучија дека Комисијата нема потреба да дискутира за предлогот. Еден ден подоцна, Собранието во Софија го усвои францускиот предлог.
Во официјалните документи кои Генчовска ги достави до Комисијата беа Протоколот од меѓувладината македонско-бугарска комисија (кој веќе го објавивме), како и Извештај за односите со Северна Македонија и францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Во Извештајот кој Генчовска не го презентираше докрај, се наведуваат добрите и лошите страни на францускиот предлог од бугарски аспект.

Извор DW