Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ:
Собранието, храмот на демократијата е вистинското место за одлука околу заклучоците за последниот европски предлог за почеток на преговорите со ЕУ.
Сите парламентарни партии имаат одговорност пред граѓаните и пред државата, да се вклучат во процесот и преку дебата и конструктивност да придонесат во носењето на конечната одлука.
Потребна е одговорност и мудрост од сите пратеници, ова е надпартиско прашање.
Тоа што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бегаат од дебата за вакво важно прашања за иднината на нашите граѓани и нашата држава покажува дека се плашат од вистината, се плашат дека ќе пропаднат сите нивни лаги и измислици.
Со последниот европски предлог имаме чист македонски јазик во ЕУ, без додавки и фусноти, македонскиот идентитет е целосно заштитен , а историските прашања не се дел од преговарачкиот процес.
ВМРО-ДПМНЕ да не бега туку да учествува во дебатата во Собранието а дотогаш да се откаже од блокадите, деструкциите и крвавите сценарија со проруската Левица, со Алијанса, кои не ум успеаја.
Откако се распадна коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса, сега Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев остануваат сами и изолирани во антиевропската агенда. Само ВМРО-ДПМНЕ и Левица се против ЕУ.
Апасиев вчера и јавно повика да не бидеме членка на ЕУ и уште еднаш го потврди дејствувањето за туѓи интереси.
По ваквите изјави на неговиот коалициски партнер, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да соопшти дали и тој се залага за членство во Евроазиската унија, и дека не треба да бидеме дел од ЕУ?
Дали е ова причината што ВМРО-ДПМНЕ сака да побегне од дебата во Собранието за ова прашање?