1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Европскиот предлог пристигна во Собрание, но вечерва нема да има седница

Ве информираме дека од Владата на Република Северна Македонија до Собранието на Република Северна Македонија е доставена “Информација за содржината на предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европска Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европска Унија на 30 јуни 2022 година”. Согласно процедурите, материјалот ќе се достави до пратениците и за понатамошно постапување, соодветно и навремено ќе бидете информирани, велат од македонското собрание.

– Имајќи ги во предвид шпекулациите, Ве информираме дека за вечерва не е планирана седница. Во моментот кога претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ја свика седницата, навремено ќе бидете информирани, се вели во соопштението на собранието.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски вели дека во споредба плата-трошоци за живот, подобри сме од Грција, Португалија, Кипар, Унгарија…

ДЕСК

Голема полициска акција вечерва кај патарината кон Куманово, сообраќајот во колапс

ДЕСК

СВЕЖО И НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ И СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ, ОД ВТОРНИК ПРЕСВРТ – Метеоцентар со неколкудневна прогноза

ДЕСК