19. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

30 лица со качулки го предизвикуваат целиот напад, приведени се 12 лица, меѓу кои и деца под 18 години

Најостро го осудувам насилството на протестите. Нападот на полициските службеници, нападот на институциите не е демократија туку вандализам и насилство истакна министерот на МВР, Оливер Спасовски по посетата на повредените полицајци.

Министерот потенцираше дека на протестите се повредни 47 полициски службеници, нема повредени граѓани, а приведени се оние лица кои ги нападнаа полициските службеници.

-Овој случај потсетува на случајот од 27 април, 30 лица со качулки го предизвикуваат целито напад на инстуциите и полицајци, кажа Спасовски.

Тој потенцираше дека демократијата не подразбира анархија.Министерот соопшти дека вчера се приведени 11 лица од кои 2 се малолетни.

-Секој еден кој удрил на полицаец и на витален објект во државата ќе биде најстрого санкциониран, кажа Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево

C +

Каранфилова Пановска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ е директно одговорна за еколошкиот хаос во Вардариште и Дрисла

C +

Каранфилова Пановска: Тошковски мора да сноси одговорност за серијата трагични случаи во изминатите 15 месеци

C +