7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Реагира и МПС: Стоп за нападите врз полициските службеници

Соопштение на Македонскиот полициски синдикат:

СТОП ЗА НАПАДИТЕ ВРЗ ПОЛИЦИСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ‼️‼️

Македонскиот полициски синдикат , како единствен реперезентативен синдикат во Министерството за внатрешни работи на РСМ🇲🇰 , ⚠️НАЈОСТРО⚠️ ги осудува напади врз полициски службеници ‼️

Македонскиот полициски синдикат го известува своето членство и целокупната јавност во нашата држава, дека во континуитет работи и сериозно се залага да се документираат и да се профилираат сите напади врз полициските службеници при вршење на работните задачи и притоа да се идентификуваат евентуално системски недостатоци , во контекст на отстранување на недостатоци во системот на заштита на нашите колеги.

Цврсто сме решени да го интензивираме овој процес што бара постојана опсервација и ангажман , но исто така сме сигурни дека само така ќе овозможиме натамошно унапредување на позицијата на полицискиот службеник во делот на неговата лична безбедност и заштита на неговото здравје👮‍♂️👮‍♀️

Трендот на напади врз полициски службеници само затоа што професионално си ги извршуваат работните обврски и задачи , спроведувајќи го законот⛔МОРА ДА ЗАПРЕ⛔

Сметаме , уверени сме и стоиме цврсто на ставот дека секој напад врз полициски службеник , односно било какво девијантно однесување кон , пред се – луѓето , кои секојдневно се грижат за безбедноста , редот и мирот во нашата држава , на индиректен начин претставува напад врз Република Северна Македонија 🇲🇰

Правосудните органи мора да започнат да ги процесуираат нападите врз полициските службеници во најбрз можен временски рок , притоа паралелно да се заостри казнената политика , со цел елиминирање на појавата на напади врз полициски службеници‼️

Како синдикат , сметаме дека ова е единствениот начин , за да бидеме сигурни , дека во случај на напад врз полициски службеник , институциите ќе реагираат брзо и ефикасно , за да сторителите бидат најстрого санкционирани‼️

Напоменуваме дека за сите наши активности , ќе бидат известени сите пријателски полициски синдикати од земјите на ЕУ , членки на Советот на Европските полициски синдикати во кои членуваат околу 350.000 полициски службеници , со барање истите будно да ја следат сосотојбата со појавата на напади врз полициски службеници во нашата земја , на активностите и правните исходи , од понатамошните одлуки на надлежните органи и институции .

Македонскиот полициски синдикат , секогаш ќе биде на страната на полицајците кои чесно , одговорно и професионално ги извршуваат своите работни обврски и задачи ‼️

Само на тој начин ќе придонесеме граѓаните да ја прифатат полицијата како институција која е во служба на граѓаните .
Професија која е главен столб и постулат во РСМ и ја гарантира државноста , безбедноста , сигурноста и истовремено – пријател и заштитник на граѓаните🇲🇰👮‍♀️👮‍♂️🇲🇰

Ние како Македонски полициски синдикат ќе ги штитиме нашите членови со сите средства што ни стојат на располагање .

Македонскиот полициски синдикат во континуитет вложува труд и беспрекорен напор во заштитата на безбедноста по здравјето на нашите членови како и во унапредувањето на правата од социјален аспект на нашите членови , на заштита на ликот и дигнитетот на полицаецот и полициската професија‼️
На крајот уште еднаш повторуваме , никогаш нема да дозволиме сторителите на физички и вербален напад врз полициските службеници , да поминат без одговорност и соодветна казна‼️

Со почит
Македонски полициски синдикат
Претседател
д-р Марјан Кицев

Можеби ќе ве интересира

Каранфилова –Пановска од Неготино: Програмата на Мантев со низа мерки за лицата со попреченост

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ имаат слоган со кој велат се бориме за домот, на кој дом мислат на Халкидики или во Дубаи

ДЕСК

Поведена истрага во Виница за тешка телесна повреда на едно лице

ДЕСК