7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

236 санкционирани возачи во Скопје: 68 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 236 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 68 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за непрописно престројување на возила, пет мерки за возач почетник…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК