Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

709 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (26.06.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 709 возачи. Од нив 69 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 366 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 343 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Пораснал бројот на невработени во Македонија

ДЕСК

НЕОЧЕКУВАН РАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СКОПЈЕ ПОД НАПНАТОСТ: Физичка пресметка во познат угостителски објект среде бел ден во центарот на градот

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.