Бањата е дел од куќата што обично го чистиме и дезинфицираме. Понекогаш, покрај редовното и темелно чистење, мирисите од канализацијата можат да го уништат целиот напор.
Непријатните мириси кои се вообичаени во бањите, можат да остават погрешен впечаток кај секој што ќе влезе во собата. Бидејќи на ѕидовите на канализационите цевки се таложи органски отпад кој има многу силен и непријатен мирис, често се случува смрдеата да се прошири и во тоалетот.
Пред да прибегнете кон силни и опасни хемикалии, обидете се да го решите овој проблем со помош на мал трик и со состојки кои сигурно ги имате во кујната.
Состојки:
100 грама сода бикарбона
Два лимона
300 милилитри зовриена вода
Истурете сода бикарбона во отворот од кој излегуваат силни и непријатни мириси, а потоа исцедете два лимони и прелијте ја со содата. Содата тогаш ќе почне да се пени, бидејќи има хемиска реакција.
Оставете го да отстои 10 минути и за тоа време зовријте ја водата. Во отворот истурете вода што врие.
Така ќе се неутрализираат непријатните мириси, а пожелно е целата постапка да се повторува еднаш месечно.