3. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пронајдена дрога во гостиварско, приведени две лица

На 21.06.2022 околу 21.50 часот во гостиварско Дебреше, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Ф.З.(29) од Гостивар и 23-годишната А.О. од гостиварски Равен затоа што кај нив била пронајдена марихуана. Исто така, подоцна, со судска наредба бил извршен претрес во домот на Ф.З., при што била пронајдена и одземена марихуана.

Двајцата биле задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, писхотропни супстанци и прекурсори“.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Има ли „Алказар Енерџи“одобрение за градба или не, каков е бизнис интересот на Божиновска и Мицкоски?

C +

ВМРО-ДПМНЕ: Нови авиолинии и нови патишта, Македонија се поврзува и станува подостапна за бизнис, туристи и регионална соработка

C +

ДУИ: Во Куманово се ширеше омраза, институциите молчат!

C +