Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се запали трактор со сено, повредено едно лице

Пожар во приколка со трактор натоварена со бали сено избил во селото Подареш, радовишко.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш и лицата кои биле присутни.

Притоа, како што информираат од МВР, додека го гаснеле пожарот со повреди се здобил Р.А. од селото Подареш, кој бил пренесен во ЈЗУ Радовиш за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Радовиш.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Мигранти во Македонија нема да има, СДС како расипана плоча, растура пердуви во јавноста

C +

Уште 10 дена за аплицирање за ваучери за ИТ уреди, известува Министерството за дигитална трансформација

C +

Вечерва тешка сообраќајка на патот село Караорман – Штип, сообраќајот е во прекин – пожарникари ги извлекувале повредените

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.