24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Владините коалициони партнери ги реафирмираа стратешките приоритети за справување со последиците од глобалната криза

Коалициските партнери во Владата ги реафирмираа стратешките приоритети за справување со последиците од глобалната криза, порача денеска премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски по средбата со претседателите на партиите кои се дел од владината коалиција.

Ковачевски најави нов сет на антикризни мерки, системски реформи и неселективна борба против корупцијата.

Во однос на евроинтегративниот процес, Ковачевски посочи дека на средбата биле реафирмирани позициите дефинирани во резолуцијата усвоена во македонскиот парламент, како и посветеност во почитувањето и реализирањето на одредбите од Охридскиот Рамковен Договор, Преспанскиот Договор, Договорот за добрососедство со Бугарија како и државниот стратегиски концепт за еднакво општество за сите.